Со четворица повредени дефанзивци, тренерот на Барселона го посочи играчот за врска како опција на бековската позиција.
Бријан Фарињас би можел да добие шанса на бековската позиција во Барселона. Ханси Флик на прес-конференцијата во петокот, 30 октомври, го посочи играчот за врска како можно решение во услови кога четворица дефанзивци се надвор од стројот поради повреди.
Германецот ја истакна неговата интелигенција и работата на тренинзите од почетокот на сезоната. „Дојде време да игра. Го заслужува тоа“, порача Флик, според официјалниот клупски извештај.
Одбраната е обврска на целиот тим
Тренерот нагласи дека дефанзивната одговорност ја делат сите играчи. По поразот од Реал Мадрид, бара поголема концентрација, помалку лесно загубени топки и подобро покривање на противниците во шеснаесетникот.

Од последниот тренинг пред Алавес, 30 октомври 2026. Фото: ФК Барселона
Пред дуелот со Алавес, Флик ја постави победата како прва цел по двата последователни пораза. Позитивната атмосфера од тренингот сега треба да се пренесе на теренот.
На денешниот последен тренинг се приклучија и петмина од Барса Атлетик: Хамза Абделкарим, Ебрима Тункара, Гилјем Виктор, Алекс Кампос и Макс Бонфил.
Натпреварот е в сабота, 31 октомври од 21:00 часот, на „Спотифај Камп Ноу“. Победа би била стотта за Флик како тренер на Барселона.












