[ФОТО] 90-годишен јапонски бодибилдер од Хирошима настапи на Светското првенство и воодушеви со својот изглед

Точка

30/10/2026

18:12

379

Големина на фонт

а а а

Јапонецот Тошисуке Каназава (90) во петокот настапи на IFBB светското првенство во Санта Сузана, Шпанија, и покажа дека и во длабока старост може да изгледа фасцинантно.

Светското првенство во Санта Сузана се одржува од 29 октомври до 2 ноември, а меѓу 200 натпреварувачи во ветеранската категорија, посебно внимание привлече Каназава.


На овогодинешното Светско првенство, во ветеранската категорија настапија 200 бодибилдери на возраст од 41 до 90 години, распоредени во 13 категории, а во неговата категорија имало шест конкуренти.

Каназава е роден во август 1936 година, а живее во Хирошима. На крајот на август ја освои категоријата за натпреварувачи на возраст од 85 години и повеќе на јапонското ветеранско првенство, еден ден откако наполни 90 години. Тоа беше неговата 19-та национална титула во кариерата.


Каназава двапати бил „Mr. Japan“, во 1960 и 1963 година. На натпреварувањето на IFBB „Universe“ во 1967 година го освоил четвртото место, а се повлекол од натпреварувањето во своите триесетти години.

Повторно се вратил на натпреварувањата околу педесеттата година од животот, а како што се наведува, за неговото враќање била мотивирана и неговата сопруга. По 80-те години освоил шест титули светски шампион во ветеранска конкуренција.


И претходно настапувал во Шпанија. На светското првенство во 2022 година, кога имал 86 години, во ветеранската категорија за натпреварувачи над 60 години го освоил 12-то местo, во конкуренција на значително помлади натпреварувачи.

Доколку продолжи да се натпреварува до 93-годишна возраст, Каназава ќе постави голем светски рекорд. Имено, најстариот бодибилдер што моментално е признат од Гинисовата книга на рекорди е 93-годишниот Американец Џим Арингтон.