[ВО ЖИВО] Избори во Србија: Редици пред избирачките места во Белград и Нови Сад

Точка

25/10/2026

08:28

647

Големина на фонт

а а а

Во Србија се одржуваат предвремени парламентарни избори, кои се важен тест за владејачката политика на Александар Вучиќ. Гласањето започна со редици пред избирачките места во Белград и Нови Сад, а својот глас имаат над 6,45 милиони избирачи. Во натпревар се 18 изборни листи, вклучувајќи и малцински партии.

Како што пренесува Макфакс, Србија денеска гласа на предвремените парламентарни избори, кои би можеле да бидат најголемиот тест за власта на Александар Вучиќ во последните 14 години. На неговиот блок сериозно му се заканува политичката сила произлезена од студентските протести по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во ноември 2024 година, кога загинаа 16 лица.

За 250 пратенички места во Народното собрание се натпреваруваат 18 изборни листи, од кои девет се малцински. Право на глас имаат нешто повеќе од 6,45 милиони избирачи. Избирачките места се отворени од 7 до 20 часот.

07:33 – Во Нови Сад редици уште од пет часот наутро

Во Нови Сад гласањето започна во 7 часот. Право на глас имаат 345.943 граѓани, кои можат да гласаат на вкупно 221 избирачко место.

Избирачките места биле отворени навреме, а граѓаните почнале да гласаат уште во раните утрински часови.

Редиците пред речиси сите избирачки места почнале да се формираат околу 5 часот, два часа пред официјалниот почеток на гласањето.

07:21 – Редици пред избирачките места во Белград

Според извештаите, редици од гласачи почнале да се формираат уште во раните утрински часови.

07:04 – Првите гласачи го остварија правото на глас

Избирачките места во Србија се отворени, а првите граѓани веќе гласаа. Гласањето ќе трае до 20 часот.

07:03 – Редици се формираа пред отворањето на избирачките места

На одредени избирачки места во Белград граѓаните чекале на гласање уште пред 7 часот, кога официјално започнало гласањето.

Кои се 18-те изборни листи?

1. „Александар Вучиќ – Обединета Србија“
2. „Ивица Дачиќ – Фактор на стабилноста“
3. „Студентска листа – Студентите победуваат“
4. „Расим Љајиќ – Човечки (СДП-ЦДП)“
5. „Сојуз на војводинските Унгарци – д-р Балинт Пастор“
6. „Усаме Зукорлиќ – Движење за обединување“
7. „Руска партија – Србија во БРИКС – Слободан Николиќ“
8. „Автентична десница – д-р Милош Јовановиќ – Храбро српски“
9. „Европска Србија – Мариника Тепиќ – Здравко Понош“
10. „СДА Санџак – Чувари на Санџак“
11. „Богољуб Кариќ – Движење Сила на Србија – БК“
12. „Либерално зелена партија – За слободна и почиста Србија“
13. „Избирам правда – Избирам иднина“
14. „Партија на руско-српско единство – Русите и Србите се браќа засекогаш“
15. „Тато, ова е за тебе – Петар Ѓуриќ – премиер на Србија“
16. „Владимир Гајиќ – Алтернатива за Србија“
17. „Албанска коалиција“
18. „Мајка Србија – Груда“