Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

A1ON.MK

24/10/2026

20:14

880

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави на предизборен митинг во Флорида дека САД би можеле да воведат царини од 200 отсто за Украина и Русија со цел да ги принудат да ја прекинат војната.

Истовремено, Трамп изрази сомнеж во ефикасноста на таквиот потег, бидејќи САД немаат доволно голема трговска размена со двете земји.


Тој рече дека неговата царинска политика му помогнала да стави крај на осум војни, а трговските ограничувања, наводно, имале одлучувачка улога во пет од нив.

„Ако продолжите да се борите, ќе ви воведеме царина од 200 отсто на двете страни – и, неверојатно, тие ја прекинаа војната“, рече Трамп, раскажувајќи за едно претходно искуство, без да прецизира за кои земји станува збор.


„Веројатно треба веднаш да го направиме тоа со Украина и Русија. Не ми падна на ум“, додаде американскиот претседател.

Сепак, тој призна дека ваквиот пристап можеби нема да функционира во случајот со руско-украинската војна.

„Но, ние не купуваме доволно од нив за да го направиме тоа“, рече Трамп.


Трамп и претходно во неколку наврати тврдеше дека помогнал да се постигне прекин на огнот меѓу Индија и Пакистан, заканувајќи се дека ќе воведе царини од 200 отсто за стоките од двете земји доколку борбите продолжат.


Индија, меѓутоа, ја негираше улогата на Вашингтон во постигнувањето на договорот и тврдеше дека прекинот на огнот бил договорен директно меѓу воените раководства на двете земји.