Де Лаурентис поставил цена за продажба на Наполи: За тие пари се добива глобален бренд

Дерби

22/10/2026

13:54

790

Големина на фонт

а а а

Аурелио Де Лаурентис може да се пофали со трофеен период како сопственик и претседател на Наполи, а сега италијанскиот бизнисмен е отворен и за продажба на клубот.

Негов личен гостин на последниот натпревар од Лигата на шампионите бил американскиот бизнисмен Мет Рицета, кој веќе потврди дека сака да го купи фудбалскиот клуб, откако веќе менаџира со кошаркаркиот клуб Наполи, чиј член е и нашиот Андреј Јакимовски.

Рицета сака да ги обедини кошаркарскиот и фудбалскиот клуб и да ја зголеми вредноста на фудбалската секција со реновирање на стадионот и изградба на нов тренинг центар, но Де Лаурентис за продажба на клубот бара 2 милијарди американски долари.

Рицета претходно соопшти дека неговата проценка на вредноста на Наполи е 1,3 милијарди долари, со што тој дополнително би инвестирал во инфраструктурата, па останува да се види дали двете страни ќе постигнат компромис.

Во секој случај Де Лаурентис гордо говори за Наполи и ја правда поставената цена преку моќта на глобалниот бренд во кој се претворил клубот.

– Ако некој е подготвен да ги надомести моите финансиски и емотивни инвестиции од последните децении, може да седнеме и да разговараме, – истакнал првиот човек на Наполи.