Мурињо веќе има замерка пред „Ел Класико“: Загубивме 24 часа…

Дерби

22/10/2026

11:55

1.003

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид не дозволи непријатно изненадување против РБ Лајпциг и стигна до убедлива победа против германскиот ривал во Лигата на шампионите, па мислите на сите во „кралскиот клуб“ веќе се насочени кон големото дерби во Ла Лига.

Реал ќе и гостува на Барселона во дуелот на најголемите шпански ривали и најсериозните кандидати за титулата и оваа сезона, а гостите го дочекуваат овој дуел со шест бодови заостанување зад актуелниот шампион.

Жозе Мурињо по вчерашната средба не сакал многу да зборува за претстојното „Ел Класико“, но не пропуштил можност да најде замерка за терминот на одигрување на средбата.

– Ќе се прикажеме во самоуверено издание во обид да го обезбедиме посакуваниот резултат.

– Ова е натпревар како и секој друг во однос на бодовите кои се освојуваат, иако е јасно дека има посебно значење. Ние веќе загубивме 24 часа во однос на ривалот, – рекол Мурињо, алудирајќи на фактот што Барселона го одигра својот натпревар во ЛШ еден ден порано.