Ливерпул се уште не може да се собере оваа сезона кога е во прашање играчкиот кадар, но оние кои се фит, подготвени мора да го дадат максумумот и да помогнат клубот да се движи во посакуваниот правец и да ги оствари зацртаните цели.
Еден од играчите кој сезонава повторно е свој и има значаен придонес е Алексис Макалистер, ас за кого минатово лето имаше одредени информации и дека можеби ќе го напушти „Енфилд Роуд“.
Тој остана и под водсто на Андони Ираола се прободи, па по вчерашниот меч на кој Аргентинецот даде два гола тој испрати „отровна стрела“ до Арне Слот кој минатата сезона не гп извлече најдоброто од групата и на крајот заработи отказ.
-Минатата година беше навистина тешка година за сите нас. Беше јасно дека не бев на ниво. Јас сум прв што тоа ќе го кажам, немам проблем. Нешто не беше во ред во групата. Овој менаџер го промени тоа, и тоа е навистина важно.
-Начинот на кој играме е сосема различен. Не сакам да споредувам. Се чувствувам добро, тоа е она што го сакам и тоа е она што го уживам. Сега, повеќе е човек на човек. Мора помалку да комуницирате затоа што мора да го следите [противникот]. Минатата година беше повеќе зона. Со репрезентацијата играме повеќе зонско и тоа функционира. Сега, играме еден против еден и тоа функционира.
-На крајот, се работи за тоа ние да ја преземеме одговорноста. Тоа е една од промените. Но, сега е многу полесно, можеби мора да размислувате помалку, а да трчате повеќе. Така оди фудбалот,-порача Аргентинецот.







