[ВИДЕО Најдобриот играч во Евролигата го молеше Гвардиола за фотографија по крајот на мечот

Дерби

17/10/2026

17:04

489

Големина на фонт

а а а

Пеп Гвардиола беше присутен во „Палау Блауграна“ и во живо го следеше евролигашкото дерби меѓу Барселона и Олимпијакос, кое на крајот заврши со победа на актуелниот европски шампион (100:105).

Олимпијакос врза две победи по продолжение во Шпанија против Валенсија и Барселона, а онаа вчера имаше навистина посебен вип гостин во првиот ред, и тоа во еден од најсаканите тренери во историјата на каталонскиот град.

Гвардиола можеше да ужива во спектакуларната кошаркарска претстава која ја понудија двата тима, па иако не беше задоволен од конечниот епилог, покажа класа кога му се приближи најдобриот играч во Евролигата.

Бугаринот Саша Везенков беше избран за МВП во Евролигата минатата сезона, беше најдобар и вчера на теренот, но немаше проблем да покаже понизност и да го замоли Пеп за заедничка фотографија.

Везенков буквално го молеше легендарниот стручњак за овековечување на моментот, а Пеп покажа класа и му ја исполни желбата без проблеми.