Милан иницираше преговори за задржување на клучната алка во тимот

Дерби

17/10/2026

16:05

401

Големина на фонт

а а а

Милан како фудбалски клуб фати нов правец и се обидува да најде вистински курс со Рубен Аморим како тренер на тимот, но кога е во прашање ростерот на тимот, водечките луѓе се доста активни околу задржување на играчите кои ги исполнија очекувањата во изминатите две сезони.

„Росонерите“ му го продолжија договорот на Страхија Павловиќ пред натпреварот со Салцбург во Лигата на Европа, но сега нова примарна цел пред да се активираат на нови играчи во зимскиот преоден рок е Адриен Рабио.

Французинот се претвори во клучна алка во тимот на Милан во продуктивната прва сезона која ја имаше на „Сан Сиро“, па иако првично дојде во Милан по барање на Масимилијано Алегри, Рабио реши да ја одработи и втората година од договорот.

Рабио е клучен фактор во стартниот тим на Рубен Аморим и ги одигра сите натпревари досега, а неговиот биланс изнесува три постигнати гола и исто толку асистенции.

Одличниот почеток на сезоанта не е причина за брзо комплетирање на преговорите, бидејќи Кардинале уште за време на летниот период најави дека лично ќе пристигне во Италија за да го награди искусниот Французин.

„Кориере дело Спорт“ сега информира дека преговорите меѓу двете страни се започнати, а планот е да бидат завршени најдоцна до месец декември.