Нејмар веќе подолго време е далечен на европската спортска јавност и се дистанцираше од случувањата на стариот континент, но Бразилецот и ден денеска ги следи случувањата во најважните наптреварувањата од топ пет лигите, како и Лигата на шампиони.
Популарниот Неј останува крајно актуелен во Бразил каде настапува за Сантош, а сега реши една од своите последни објави на социјалните мрежи да му посвети на својот миленик од Барса.
Нејмар преку Инстаграм стори сподели една објава на која се споредени бројките на неговата најдобра верзија од Барселона, и оваа на Ламин Јамал, кој за него е убедливо најдобар играч во светот во овој момент.

Ламин има биланс од осум голови и девет асистенции на 10 одиграни натпревари од стартот на сезоната, па дефинитивно има старт кој е сличен на оној кој го имаше Нејмар пред девет години.
– Ламин Јамал, најдобар во светот.







