Челси одигра речиси перфектен натпревар во два правци на тешкото гостување на „Хил Дикинсон“, а како човек на одлука се покажа Педро Нето кој постигна два гола за тешко извојувана победа.
Избраниците на Чаби Алонсо се прикажаа во исклучително сериозно издание и заслужено освоија големи три бода, па од меч кој целосно може еда го задоволи Шпанецот, единствена негативна вест е повредата на Дибу Мартинез.
Аргентинскиот голман имаше жесток судир со Брантвајт и го извлече подебелиот крај во ужасниот инцидент, а загрижувачки изгледаше самото тоа што таков борец не можеше да застане на нозе.
Мартинез повеќе од 10 минути лежеше на теренот и беше имобилизиран од лекарите, по што со носилки беше изнесен од теренот.
Пред да дојде до немилиот инцидент, Нето веќе погоди за 0:1, а до крајот на мечот постигна уште еден гол за конечни 0:2 во Ливерпул.
Непријатниот судир погледнете го ТУКА.
Get well soon Dibu Martinez 🤍 https://t.co/534DRN3FSb
— Chippy-Chips (@Chippy20Chips) October 17, 2026
Головите на Нето погледнете ги ТУКА.







