Актерката Констанс Зимер откри дека ѝ е дијагностициран рак на дојка претходно оваа година и дека ја држи својата медицинска состојба во тајност додека промовира серија инспирирана од врската меѓу Џон Ф. Кенеди Џуниор и Каролин Бесет.
Во долга објава на Инстаграм, актерката отворено зборуваше за дијагнозата за рак што ја доби во март, пред да се впушти во еднонеделна промотивна турнеја за серијата „Love Story“.
„Октомври е месецот #борбапротивракнадојка и никогаш не помислив дека ќе го одбележам со своја приказна“, напиша Зимер во описот на објавата, заедно со фотографии и снимки од неа во болница за време на лекувањето.
Зимер рекла дека нејзиниот лекар ѝ ја дал дијагнозата преку „Зум“ и дека таа веднаш им кажала на сопругот и ќерката дека има дуктален карцином, познат како DCIS, или рак на дојка во нулта фаза.

„Менталниот товар што следеше беше огромен во некои денови, бидејќи почнав да разговарам со многу повеќе лекари отколку што би сакала“, напишала Зимер.
„Чувствував дека моите опции се ограничени и повеќето од нив предложија што ќе го реши проблемот најбрзо - да се отстрани масата што е можно поскоро, што значеше мастектомија.“
Размислувала дали да се подложи на процедурата и се запрашала: „Што ако сакам да ја задржам градата?“.
Потоа нашла лекар кој бил уверен дека може да ја изврши операцијата без да ја отстрани градата.
Подоцна актерката напишала:
„Потребни беа три операции - три недели по ред, но таа го направи тоа. Ми ја спаси градата и сега изгледа добро!“.
„За време на сето ова, бев на јавна промотивна турнеја за „Love Story“, додека пак мојата дијагноза и третман ги чував во тајност. Операциите беа проследени со зрачење, а истовремено ја прославував и мојата номинација за Еми“, открила актерката.
Зимер беше номинирана за наградата Еми во категоријата за најдобра споредна женска улога во ограничена или антологиска серија или филм за нејзината улога како Ен Месина Фримен, мајката на покојната Каролин Бесет.

Актерката рекла дека „разговорот за тоа може да ги потсети жените да не чекаат додека се појават симптоми за да одат на лекар. Таа додаде дека ќе зборува за своето искуство подетално во една епизода од нејзиниот подкаст „Talk Fifty to Me“, кој ќе биде објавен во вторник.
„Благодарна сум што сум седум месеци без рак: чист шок и страв, со огромна радост и благодарност во исто време“, ја завршила својата објава.
„Од болнички мантили до гламур на доделувањето на Еми наградите - тоа беше лудо патување“, напишала таа.








