[ФОТО] Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

A1ON.MK

03/10/2026

15:04

1.247

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела во САД се сретна со неколку балкански лидери во рамки на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации.

Откако претставниците на земјите почнаа да објавуваат фотографии од средбите, на социјалните мрежи веднаш беше забележана една необична работа – Трамп на фотографиите со различни соговорници стои во речиси идентична поза.

Сопругата на српскиот претседател Тамара Вучиќ, објавувајќи фотографии со Доналд Трамп и Александар Вучиќ, напиша дека за некои фотографии вреди да се чека и десет дена.


„Препознатливата поза на претседателот Трамп за фотографирање, но она што фотографијата не може да го пренесе се неговите шеги кои ги измамија овие насмевки“, напиша Тамара Вучиќ.

Иста поза и на фотографијата со Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама исто така објави фотографија со својата сопруга Линда и Трамп. И на оваа фотографија американскиот претседател е поставен во речиси идентична поза.

Откако следуваа коментари за необичната сличност меѓу фотографиите, Рама одговори иронично.


„Бидејќи не можев да се сретнам со него, како што зборуваа оние кои сè и сешто зборуваат, а ништо не работат и ништо не можат да ни направат, бев принуден тоа да го направам со помош на вештачка интелигенција. Но, кажете им да бидат внимателни, бидејќи може да се покаже дека не е вештачка интелигенција, па повторно да испаднат смешни“, напиша Рама.

И Мицкоски објави слична фотографија

Слична фотографија, на која Трамп е во идентична поза, на социјалните мрежи објави и премиерот Христијан Мицкоски.

Токму сличноста на фотографиите предизвика големо внимание на социјалните мрежи, каде што дел од корисниците почнаа да се сомневаат дали балканските лидери навистина се фотографирале со Трамп.


Во коментарите се појавија и иронични забелешки, меѓу кои и: „Наплаќаат сè живо. Ако немаш пари, оди сликај се со оној паното таму“.

Необичната поза на Трамп на трите фотографии дополнително ја поттикна дискусијата на социјалните мрежи, но самите фотографии и коментарите околу нив не се доказ дека се создадени со вештачка интелигенција.