Брајтон имаше одлични резултати во септември, а тоа на клубот му донесе признанија за играч и менаџер на месецот во Премиер лигата.
„Галебите“ немаа пораз минатиот месец, стигнаа до две победи и едно реми со девет постигнати голови, па менаџерот Фабијан Хурцелер веќе вторпат е прогласен за менаџер на месецот во ПЛ.
Брајтон го победи актуелниот шампион Арсенал со убедливи 3:0, беше уште поубедлив против Ковентри, а освои бод на соочувањето со Лидс, што на Хурцелер му донесе предност во однос на Андони Ираола и Енцо Мареска кои го следеле според освоените гласови.
Признанието играч на месецот пак му припадна на ветеранот Паскал Грос, кој првпат добива ваква награда во Премиер лигата, а тоа му успеа на 35-годишна возраст.
Германецот постигна два гола и испрати три асистенции во септември, па влезе во избрано друштво на ветерани, односно стана шестиот највозрасен играч кој го добил признанието.
Пред него се само Пол Сколс, Џанфранко Ѕола, Кристијано Роналдо, Теди Шерингам и Стјуарт Пирс, кој го држи рекордот со 38 години и 10 месеци.








