Фергусон открил дека за малку ќе се откажел од фудбалот и ќе се преселел во Канада

Дерби

02/10/2026

18:15

243

Големина на фонт

а а а

Алекс Фергусон останува менаџерска легенда со многу трофеи, а најмногу ќе биде запаметен по успесите со Манчестер Јунајтед и колекцијата трофеи кои му ги обезбеди на англискиот клуб.

Поранешниот шкотски менаџер во последното интервју за „Би-Би-Си“ зборувал на повеќе теми, а открил и непознат детаљ од неговата младост, со кој можел да ја промени иднината на фудбалската сцена.

Се работи за периодот во кој Ферги бил фудбалер на Ст. Џонстон, каде бил толку разочаран што испланирал да се пресели во Канада и тоа без да знаат неговите родители.

– Не уживав, не добивав шанса од тренерот и постојано бев на клупата за резерви.

– Ги пополнив сите формулари и се јавив кај мојата тетка во Канада, бидејќи ми требаше некој да гарантира за мене, а сето тоа без да им кажам на родителите, – открил Фергусон.

Но, судбината имала поинакви планови. Веќе на следниот натпревар, вирус го покосил неговиот тим, Фергусон добил шанса на гостувањето кај Ренџерс и постигнал хет-трик, нешто што го променило неговиот фудбалски пат.