Франција дојде до уште една победа во Лигата на нации, нова победа на гостински терен и тоа против Белгија.
Како и на претходниот натпревар со Турција, „триколорите“ славеа со 1-0 со тоа што сега стрелецот беше друг и тоа Мајкл Олисе.
Се играше 88 минута која офанзивецот на Баерн Минхен прифати топка на својата половина и тргна во свој стил кон голот на противникот, прекрасно се снајде и потоа рутински ја затресем мрежата на Ламенс.
-Го видов како го минува дефанзивецот и си помислив: „Ќе даде гол“. Го бодрев од се срце. Тој е извонреден талент. Го сакам овој тип на играчи. Кога игра, сака да ги забавува навивачите. Но, тоа не запира тука.
-Тој има одлично чувство за играта, ги предвидува движењата на противникот и знае кога да нападне, а кога да се повлече, -истакна францускиот селектор Зинедин Зидан.








