Мајкл Олисе имаше улога на „џокер“ за француската фудбалска репрезентација, која отпорот на Белгија успеа да го скрши дури во самата завршница од мечот во Брисел.
„Црвените ѓаволи“ беа на добар пат да ги неутрализираат француските ѕвезди, но кога беа блиску до тоа, дозволија една контра која заврши со гол на Олисе.
Фудбалерот на Баерн претрча 50-тина метри и со одмерен удар го совлада Ламенс, а неговата мајсторија предизвика молк на трибините во Брисел.
Бидејќи натпреварот изобилуваше со доста шанси и некои одредени тензии, рамнодушен на соло-продорот на Олисе не остана и Зинедин Зидан, кој победничкиот погодок на својот тим го прослави со хит реакција.
Зизу режираше прослава која експресно стана вирален хит на социјалните мрежи, а за добар дел од фановите истата е последица и на препирките кои ги имаше со Марк Ван Бомел за време на мечот.
😂🔥 ZIDANE EN FOLIE SUR LE BUT D’OLISE ! https://t.co/8NDWro7X7h
— Téléfoot (@telefoot_TF1) September 28, 2026








