Лионел Меси, еден од најдобрите, ако не и најдобриот фудбалер на сите времиња, постигна прекрасен гол од слободен удар на натпреварот против Колумбус Кру во „MLS“.
Интер Мајами на гостински терен беше поразен со 2:1, но секако најголемо внимание привлече голот на Меси за 1:1 во 33. минута.
Прекршокот беше направен на десното крило, во близина на корнер-знаменцето, а сите очекуваа Меси да нафрли.
Аргентинецот ја испрати топката кон подалечната статива, совршено го префрли голманот и ја затресе мрежата.
FREE KICK MAGIC FROM LEO. 🎯✨ pic.twitter.com/s6gT7fDFki
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) September 27, 2026
Останува прашањето дали навистина имаше намера да шутира или имаше и многу среќа, но без оглед на тоа, ова е негов 76. гол во кариерата директно од слободен удар.
Подобар од него во оваа категорија е само Марселињо Кариока со 78 гола, иако популарниот Лео веројатно ќе го престигне и него, можеби уште оваа сезона.
Интересна беше и реакцијата на коментаторот, кој врескаше кога виде што изведе Меси. Слушнете и самите.
هدف الأسطورة ميسي من تصوير المدرجات 😱😱😱 pic.twitter.com/5QYAqM4hhd
— Messi World (@M10GOAT) September 27, 2026
Инаку, головите за Колумбус ги постигнаа Џозеф Мартинез во 28. минута од пенал и Џамал Тиаре во длабокото судиско продолжение на второто полувреме.
За поразот на Интер да биде уште поболен се погрижи Сантијаго Моралес, кој во судиското продолжение доби два жолти, односно црвен картон.
Тимот од Мајами сега е трет на Истокот со 46 бодови, додека Колумбус се наоѓа на 12. позиција (од 15 екипи) со 29 бодови.
WOW! Messi from a near-impossible angle. 😱 pic.twitter.com/h525T5Ey3i
— Major League Soccer (@MLS) September 27, 2026










