Наполи е на добар пат да заокружи една важна операција и со нов потпис да обезбеди клучен играч за во иднина, а тоа е дефанзивецот Амир Рахмани.
Интернационалецот од Косово од 2020 година е дел италијанскиот великан, тим со кој успеа во овој период да освои две Скудета и пехар во Супер Купот на Италија. Рахмани имаше своја улога и токму поради тоа ќе биде награден со подобар договор според кој ќе заработува околу 3,8 милиони евра по сезона, односно ќе се обврзе дека ќе остане во сегашната средина до 2029 година.
Амир е лидер во дефанзивната линија на наполитанција и во тековнава сезона ги одигра сите мечеви за Наполи во Серија А и Лигата на шампионите.
Пред да дојде на југот од Италија настапуваше за Дреница, Партизани, РНК Сплит, Динамо Загреб, Локомотива и Верона.







