[ФОТО] Џенифер Лопез во леопардов принт од глава до пети: Краткото здолниште ги истакнало незјините витките нозе

Точка

24/09/2026

15:06

756

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лопез ги привлече сите погледи за време на излегувањето во Милано, појавувајќи се во впечатлив стајлинг од глава до пети инспириран од животинскиот дезен.

Познатата пејачка и актерка ги носеше најновите парчиња на модната куќа „Dolce & Gabbana“.

Откако присуствуваше на престижниот настан „Vogue World“ во креација на истата италијанска марка, Лопез се одлучи за новото излегување во Милано да облече комплет во леопардов принт.


Доминантно парче во комбинацијата беше памучна јакна со предимензиониран крој и нагласена структура. Јакната со двојно копчање, широки ревери и спуштени ракави носи леопардов дезен, заедно со впечатливи еполети на рамената. Лопез ја искомбинирала јакната со мини-здолниште во истиот дезен, кое се одликува со скриен патент на задната страна и целосна постава.

Изгледот го надополнила со салонки со отворена пета. Овој модел, изработен во препознатливата силуета „Lollo“ на брендот, се одликува со остар врв, структурирана изработка од кожа и препознатливото брендирање.

Чевлите со разнобоен леопардов дезен се изработени од козјо крзно на надворешната страна за да се постигне дополнителна текстура, додека ѓонот е украсен со позлатеното лого DG.

Целокупниот стајлинг го заокружила со масивни златни обетки со дијаманти од брендот „Sydney Evan“ и очила за сонце.


Ова е само едно во низата импресивни изданија на славната пејачка за време на нејзиниот престој во Милано. Претходно се појави во црн фустан од колекцијата „Alta Moda Roma 2025“, изработен од тул, мрежа и корсет украсен со чипка, кадифе и кристали, кој го надополни со ракавици од свилен тул и сатенски чевли со извезени цветни детали.