Јирген воведува ред во Германија: Клоп поставил четири јасни правила кои целосно се разликуваат од ерата на Нагелсман

Дерби

23/09/2026

12:14

533

Големина на фонт

а а а

Јирген Клоп вчера го одржа првиот тренинг како селектор на германската фудбалска репрезентација, а во ситуација кога се реши за еден мал експеримент со два тима, искусниот стручњак на воведниот собир прозиваше повеќе од 40 фудбалери.

Интересниот метод за кој се одлучи Клоп има своја позадина и главната цел е да направи природна селекција од фудбалери за кои смета дека имаат репрезентативен потенцијал, но иако е премногу рано да прави било какви заклучоци за тоа со што поседува во овој момент, поранешниот менаџер на Ливерпул веќе почнал да воведува ред со промена на неколку правила.

Поточно, како што информираат угледните германски медиуми, Клоп имплементирал четири јасни правила за старт на новата ера во репрезентацијата, а истите се однесуваат на точноста, мобилните телефони, личните фризери и семејствата.

Клоп главен акцент стави на точноста на играчите и заедничкиот собир кој ќе го имаат кога се дел од репрезентативниот камп, што значи дека фудбалерите во иднина не може да имаат слобода каква што имаа во времето на Нагелсман.

Јулијан им дозволуваше на играчите да се групираат посебно и да одат на вечера и ручек во период од еден час, но Клоп тоа го менува и бара сите играчи да бидат во мензата во исто време и да создаваат тимска хемија почнувајќи од такви моменти.

Второто правило се однесува на мобилните телефони, а според информации, Клоп забранил употреба на паметни уреди пред почетокот на натпреварите, се со цел да се задржи максималната концентрација меѓу фудбалерите и целосен фокус на тоа што следи.

Клоп променил и правило кое е поврзано за личните фризери и стилисти кои ги имаат ѕвездите, па така во иднина фудбалерите нема да можат да извршуваат промени на фризури во тренинг кампот, туку тоа ќе треба да го прават пред да се приклучат на репрезентацијата, или на тимскиот хотел.

Ниту блиските семејства и пријателите не се изземени од првата серија промени кои ги вовел Клоп, па така во иднина луѓето од потесниот круг на фудбалерите ќе имаат лимитирани посети и истите ќе бидат одобрени само ако постои претходен договор со Федерацијата и стручниот штаб.