Ширер ги избра двата најимпресивни тима во Премиер лигата и најдобриот играч во воведните пет рунди

Дерби

23/09/2026

09:20

796

Големина на фонт

а а а

Алан Ширер се уште го држи статусот на најдобар голгетер во историјата на Премиер лигата и како таков ужива посебна привилегија во англиската јавност, а како човек кој редовно е дел од аналитичките студија на Островот, поранешниот напаѓач направи мало резиме на воведните пет рунди.

Манчестер Сити е единствениот тим кој има „пет од пет“ и заслужено оди како првопласиран на тринеделна пауза, а иако Арсенал е второпласиран со три бода помалку, за Ширер најимпресивни се тимовите кои се на третата и четвртата позиција.

Станува збор за Брајтон и Брентфорд кои имаат импресивно отворање на сезоната, не само поради резултатите кои ги остваруваат, туку и поради начинот на кој доминантно играат на дел од натпреварите.

– Има два тима кои би ги издвоил од стартот на сезоната. Со исклучок на Сити кој има „пет од пет“, мора да се каже Брајтон или Брентфорд. од Сити сме навикнати да го прави тоа што го прави, но Брајтон и Брентфорд беа извонредни.

– Секој што налетува на нив, знае дека го чека голема борба. Тоа се силни и цврсти тимови, но оваа сезона имаат и технички добри играчи. Брајтон и Брентфорд најмногу ме импресионираа, а Паскал Грос од Брајтон е најдобриот играч во Премиер лигата во овие воведни пет рунди во сезоната, – вели Ширер.