Сколс и Бат се постмеваат со проблемот на Шешко: Зарем постои таква повреда?

Дерби

23/09/2026

14:56

425

Големина на фонт

а а а

Бенјамин Шешко отпадна во последен момент за натпреварот против Фулам и Манчестер Јунајтед како клуб пријави дека причина за тоа е повреда, а два дена подоцна, словенечкиот напаѓач и откажа на репрезентацијатат во пресрет на дуелите кои следат во Лигата на нации.

Еден од натпреварите на кои нема да игра Шешко е и оној против Македонија, но ако тој искажа жалење што нема да може да им помогне на своите сонародници, во Англија легендите на Јунајтед се потсмеваат со повредата која беше откриена како главна причина за неговото неиграње.

Шешко има болки во потколеницата и препорачано му е да одмора некое време, но Ники Бат и Пол Сколс решија да се шегуваат со него, заклучувајќи дека во нивно време фудбалерите ставале штитници и продолжувале да играат со таков проблем.

– Последната четворка на Јунајтед е голем проблем, но за мене најголем проблем е позицијата број „9“. Како е можно Јунајтед да има само еден централен напаѓач, а и тој не игра поради повреда на потколеницата……., – порача Бат, по што Сколс се надоврза.

– Како можеш да ја повредиш потколеницата. Или ја кршите тибијата, или ставате штитници и се враќате на теренот за да играте, – додаде Сколс, по што Бат заклучи.

– Или ја кршите потколеницата, или играте фудбал. Не знам што точно се случува, но тешко е да се дискутира и да се пронајде логика на оваа тема, – заврши Бат.