Беше една од најубавите југословенски актерки: Почина сама опкружена со шприцеви

Точка

23/09/2026

10:35

1.477

Големина на фонт

а а а

Соња Савиќ е родена на 15 септември 1961 година во Чачак, Србија, а пораснала во блиското село Доња Горевница. Уште од мали нозе покажувала исклучителен талент за глума, што подоцна ја одвело во Белград, каде што дипломирала на Факултетот за драмски уметности. Веќе во раните дваесетти години ја започнала успешната кариера, дебитирајќи во 1977 година во филмот „Облакот на пеперутката“ (Leptirov oblak).

Соња стана симбол на југословенскиот филм од 80-тите години, глумејќи во филмови што и денес се сметаат за култни, како „Шеќерна водичка“ (1983), каде што брилирала во улогата на Бранка Ѓуриќ, како и во филмот „Давител против давител“ (1984), каде што го покажала својот сестран талент во улоги што опфаќале и комедија и драма. Нејзината улога во „Животот е убав“ (1985), каде што играла пејачка, ѝ донела меѓународно признание и специјална награда од жирито на Филмскиот фестивал во Венеција.

Многумина ги паметат и сцените од филмот „Уна“, кој е снимен според романот на Момо Капор, а раскажува за љубовта меѓу професорот Мишел Бабиќ и неговата студентка Уна Војводиќ. За време на кариерата глумела во вкупно 50 филмови од југословенска, словенечка и српска продукција.

Била длабоко несреќна

Соња често глумела и во театар, а експериментирала и со различни алтернативни форми на уметност. Била позната по својата бунтовничка природа и критичкиот однос кон политичките и општествените околности во тогашна Југославија. На почетокот на деведесеттите години почнала да се занимава со режија во проекти кои преку уметноста се бореле против војната во Југославија.


Со распадот на Југославија се распаднала и нејзината кариера, а нејзините проблеми со зависноста беа честа тема на медиумите.

Иако професионално била исклучително успешна, Соња имала тежок приватен живот, обележан со тага и зависност. Кон крајот на животот се повлекла од јавноста, а на 23 септември 2008 година била пронајдена мртва во станот на нејзините родители во Белград. Нејзината смрт ја шокирала културната сцена на поранешна Југославија, оставајќи празнина во светот на филмот и уметноста.

Актерката не криела дека била длабоко несреќна личност. Во едно од нејзините последни интервјуа рекла дека нејзиниот идеал е кратка и весела смрт. Во солзи тогаш рекла дека нејзиниот живот нема смисла затоа што не родила дете и не го продолжила семејното наследство.


Пронајдена меѓу шприцеви на подот

Својот бурен живот го завршила на 23 септември 2008 година во Белград, на 47-годишна возраст, а обдукцијата покажала дека починала од предозирање со хероин. Деталите за нејзината смрт биле особено потресни – актерката, наводно, поради дрогата го продала целиот мебел од станот и починала на душекот, кој бил единственото нешто ѝ останало.

Како што пишуваа српските медиуми, нејзиното тело било пронајдено меѓу шприцеви на подот, а брзата помош ја повикал пријател со кого таа вечер консумирала дрога.

Уметничкиот придонес на Соња бил препознаен и по нејзината смрт, а во 2012 година бил снимен документарниот филм „Соња“, кој подлабоко го истражувал нејзиниот живот, кариера и сложена личност. Меѓутоа во нејзиниот роден Чачак не ѝ доделиле улица и покрај иницијативата. Образложението било дека тоа „не би било добра порака за младите поради нејзиниот начин на живот“.


Некои од нејзините најзначајни филмски улоги се:

„Шеќерна водичка“ (1983)

„Балкански шпион“ (1984)

„Давител против давител“ (1984)

„Уна“ (1984)

„Животот е убав“ (1985)

„Ние не сме ангели“ (1992).