Палмер му откажа на Тухел, Јунајтед може да остане без ниту еден претставник во репрезентацијата

Дерби

22/09/2026

11:03

187

Големина на фонт

а а а

Викенд возбудувањата во Премиер лигата завршија со натпреварот меѓу Фулам и Манчестер Јунајтед, но многу брзо по финишот на оваа средба, пристигнаа вести кои не се баш најидеални за Томас Тухел.

Германскиот стручњак пред неколку дена го соопшти списокот на повикани фудбалери за долгиот репрезентативен прозорец кој следи, а веќе на стартот на оваа седмица почнаа да пристигнуваат првите откажувања.

Кол Палмер е првата ѕвезда која откажува поради мускулна повреда стекната на последниот натпревар против Брентфорд, нешто што сигурно нема да го израдува Тухел кој најави дека ѕвездата на Челси ќе има добра шанса да се докаже откако не доби повик на Светското првенство.

Наместо да се етаблира како важен играч во националниот тим, Палмер ќе го пропушти овој прозорец во кој Англија ќе одигра дури четири натпревари, но истото најверојатно ќе се случи со уште двајца играчи.

Коби Мејну и Маркус Рашфорд го завршија вчерашниот меч со Фулам со лесни повреди, но се верува дека и тие двајца ќе откажат и дека Манчестер Јунајтед ќе остана без претставник во репрезентацијата.