Симеоне фрапиран од квалитетот: Сите играме фудбал, само еден тим како да игра друг спорт!

Дерби

22/09/2026

10:58

258

Големина на фонт

а а а

Диего Симеоне ја доби првата војна со Жозе Мурињо по пауза од 12 години и успеа да се израдува на дерби победа против Реал Мадрид, па иако тој беше еден од ретките кои се обидуваа да ја смират топката по контроверзните моменти на теренот, Аргентинецот во своето обраќање пред новинарите „начна“ и една друга тема.

Атлетико со години наназад важи за тимот кој единствено може да се вмеша во традиционалната битка за титулата меѓу Барселона и Реал Мадрид, но се чини дека во овој старт на новата кампања еден тим е далеку пред сите.

Барселона има перфектни „седум од седум“ и веќе има комотна предност на табелата, а Симеоне е свесен дека ќе биде многу тешко да се испратат Каталонците ако продолжат да играат како што тоа го правеа во месец август и септември.

– Изгледа дека Барселона игра некој друг спорт од оној што го играме сидте други. Сите други играме фудбал, а тие нешто друго. Немаа „деветка“ на стартот на сезоната, но се појави Рафиња како напаѓач и постигна 12 голови.

– Ако не се лажам, Јамал веќе има 7 голови и изгледаат како тим кој може да постигне гол во секој момент. Ве притискаат на ваш терен, ја крадат топката од вашите нозе и не се плашат да примат гол. Тие се убедливо најдобри во овој момент, – изјави Симеоне.