Во Охрид ноќеска е приведен 30-годишен Албанец кој со мерцедес удрил во бетонска ограда. При алкотестирањето му биле измерени 1,75 промили алкохол во крвта, што довело до одземање на возачките документи и на возилото.
Полициски службеници ноќеска привеле 30-годишен државјанин на Албанија, откако со автомобил удрил во заштитна бетонска ограда, а при алкотестирање му биле измерени 1,75 промили алкохол во крвта.
Како што соопшти МВР, на 15 септември во 1:35 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид бил лишен од слобода Ј.Ј. (30) од Република Албанија.
Тој претходно, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, удрил во заштитната бетонска ограда меѓу двете коловозни ленти.
При извршеното алкотестирање, полицијата кај него утврдила 1,75 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и му биле одземени возачките документи.
По насоки на јавен обвинител, одземено е и возилото. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.








