Во Демократска Република Конго бројот на заразени со вирусот ебола надмина 7.000, а вирусот се прошири во нова покраина, што ја прави оваа епидемија најголема и најсмртоносна во историјата на земјата.
Бројот на потврдени случаи на зараза со ебола во Демократска Република Конго надмина 7.000, при што вирусот се прошири во уште една покраина, покажаа најновите податоци на владата.
Епидемијата што ја предизвика видот на вирусот Бундибугио стана најголема и најсмртоносна во историјата на земјата, надминувајќи ја епидемијата од периодот 2018-2020 година.
Од актуелната, полоша беше единствено епидемијата во Западна Африка 2014-2016 година, во која беа заразени 28.600, а починаа над 11.000 луѓе ширум Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.
Податоците на владата објавени доцна синоќа покажаа дека бројот на починати пораснал на 3.398, а бројот на потврдени случаи на 7.022 ширум седум покраини.
Локалните власти претходно вчера изјавија дека случај на зараза со ебола е регистриран во покраината Јужен Убанги во северозападниот дел на земјата, далеку од центарот на епидемијата.
Недостигот од обучен кадар, партнери на терен и финансирање ги забавуваат напорите за спречување на епидемијата, според Светската здравствена организација.








