Иран им нанесе голема штета на Американците во Бахреин: „Немавме каде да се закотвиме“

A1ON.MK

11/09/2026

19:08

2.042

Големина на фонт

а а а

Вршителот на должноста секретар на американската морнарица, Хунг Као, потврди дека иранските напади предизвикале голема штета на американските воени објекти во Бахреин.

Во интервју тој изјавил дека иранските сили „го разнеле Бахреин“, што претставува ретко официјално признание за размерите на штетата во базата „Naval Support Activity Bahrain“, седиште на американската Петта флота, пишува „The Epoch Times“. Као појаснил дека оштетувањето на базата директно влијаело врз операциите на носачот на авиони „USS Abraham Lincoln“, чиј екипаж поради тоа „немал каде да се закотви“.


Неговата изјава ги потврдува претходните анализи на јавно достапни извори и сателитски снимки, кои укажувале на значителни оштетувања на американските воени објекти во Бахреин за време на иранските напади на почетокот на војната.

Највисокиот офицер на американската морнарица, адмирал Дерил Кодл, на почетокот на месецов изјави дека поради оштетувањата морнарицата „нема така брзо“ да се врати во базата во Бахреин.


На прашањето дали враќањето во базата сепак ќе биде неопходно за одржување на идните мисии со висок интензитет, Као одговорил дека тоа прашање сè уште се разгледува.

Носачот на авиони „USS Abraham Lincoln“ помина речиси девет месеци на продолжена мисија. Од нив, околу 200 дена бил во зоната на конфликтот, а на почетокот на месецов се закотви во тајландското пристаниште Лаем Чабанг.


Продолжената мисија предизвика загриженост кај членови на Конгресот и семејствата на морнарите поради извештаите за недостиг на храна и вода, проблеми со водоводните инсталации и пад на моралот на бродот.

Дополнително, се појавија информации за проблеми со менталното здравје кај дел од екипажот и ризик од самоповредување. За состојбата на екипажот и долгото распоредување претходно известуваа и американски медиуми.