Три дена се држел за превртен чамец: спасено 15-годишно момче во Беринговото Море

Макфакс

11/09/2026

21:40

534

Големина на фонт

а а а

Петнаесетгодишно момче преживеа речиси три дена држејќи се за превртен чамец во Беринговото Море, додека неговите брат и братучед загинаа. Тој беше спасен од екипаж од рибарски брод во близина на островот Сент Лоренс по интензивна потрага на американската крајбрежна стража.

Петнаесетгодишно момче преживеало речиси три дена држејќи се за превртен чамец во Беринговото Море, додека неговиот брат и братучед загинале. Го спасил екипажот на рибарски брод во близина на островот Сент Лоренс, кој ѝ припаѓа на Алјаска и се наоѓа во Беринговото Море, недалеку од рускиот брег.

Тројцата млади момчиња тргнале со чамец во петокот од островот Сент Лоренс, а требало да се вратат до недела наутро. Откако не се вратиле, семејството го пријавило нивното исчезнување во неделата навечер. Американската крајбрежна стража следното утро почнала потрага со авиони и хеликоптери.

Момчето го забележал воздушен екипаж на крајбрежната стража, а го спасил екипажот на рибарскиот брод ‘Нортвест Експлорер’.

На снимката од спасувањето се гледа како екипажот фрла јаже кон момчето и го привлекува неговиот чамец, сè додека не успеале да го извлечат на безбедно.

„Се држел за тој чамец речиси три дена. Тоа е неверојатно издржливо момче“, изјавил за локалната телевизија КТУУ капетанот на рибарскиот брод Адам Вајт.

Според извештајот на крајбрежната стража, момчето по пристигнувањето на бродот покажувало знаци на хипотермија, а екипажот го затоплил со ќебиња и термофори.

„Иако се тресеше од студ, успеа да каже дека неговиот брат сè уште е под чамецот“, раскажал Вајт.

„Ноќта пред да пристигнеме, неговиот братучед едноставно се лизнал во морето“, додал Вајт.

Откако момчето било спасено, биле пронајдени телата на неговиот брат и братучед.