Детали од МВР: Перпарим Бајрами спроведен во КПУ Затвор Скопје

Макфакс

09/09/2026

10:31

2.107

Големина на фонт

а а а

Перпарим Бајрами, поранешен директор на Државна лотарија, е уапсен и спроведен во затворот во Скопје по меѓународна потерница за злоупотреби во државната компанија, по повеќемесечно бегство.

Перпарим Бајрами, поранешен директор на „Државна лотарија“ утрово се пријавил на граничниот премин Долно Блаце, извести МВР.


Бајрами е првообвинет во предметот поврзан со наводните злоупотреби во оваа државна компанија. Тој беше во бегство од декември, 2024 година.

„Денеска во 05:35 часот на ГП Долно Блаце за влез во РСМ се пријави Перпарим Бајрами (33), баран со меѓународна потерница по наредба од ОЈО Скопје бр.XVII KO бр.4232/24 од 17.12.2024 година“, соопшти МВР.


Лицето е лишено од слобода и спроведено во Казнено поправната установа Затвор Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи.