Утре сончево и топло, попладне со услови за дожд, грмежи и засилен ветер

Макфакс

09/09/2026

18:00

91

Големина на фонт

а а а

Во текстот се најавува сончево и топло време утре со услови за дожд, грмежи и засилен ветер во попладневните часови, како и променливо време со пороен дожд и силен ветер за викендот поради циклонска активност.

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во петок ќе се задржи сончево и топло време. Во деновите од викендот под влијание на циклонска активност ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен северен ветер. Од сабота дневната температура ќе биде во значително опаѓање.