Штипјанец ја нападнал мајка си, тетовка ја претепала свекрвата: Неколку случаи на семејно насилство

Макфакс

28/07/2026

14:10

204

Големина на фонт

а а а

Во текстот се опишуваат неколку случаи на семејно насилство во Македонија, вклучувајќи напад на мајка, ќерка и свекрва, при што се поднесени кривични пријави од страна на полицијата.

Вчера во 16:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Д.Ѓ.(51) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава од неговата 47-годишна поранешна сопруга дека физички ја нападнал на улица „Маршал Тито“ во Неготино.

Според пријавеното, потоа пред неговиот дом физички ја нападнал и неговата 19-годишна ќерка и ѝ се заканувал.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.Т.(58) од Штип.

Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“. Имено на 24.05.2026 во семејниот дом во Штип, пријавениот физички ја нападнал неговата мајка.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.И.(37) од тетовско село, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“. На 25.04.2026 во семејниот дом во селото, пријавената физички ја нападнала нејзината свекрва и ѝ упатувала закани.