[ФОТО] Уапсен е 19-годишен Македонец осомничен за нападот врз членот на Шкаљарскиот клан, Марко – Кан во Будва

A1ON.MK

28/07/2026

09:48

1.371

Големина на фонт

а а а

Македонскиот државјанин Андреј Танасковски беше уапсен во Никшиќ во акција на црногорската полиција, која го бараше за обидот за убиство на Марко Љ., жител на Будва, познат како Кан, изјавија за „Вијести“ неколку извори од црногорската полиција.

Според истите информации, Танасковски е уапсен во изнајмен стан во тамошната населба Видрован, а покрај него, полицијата му ставила лисици и на Н. Марковиќ, жител на Никшиќ, за кого веруваат дека му помогнал да се скрие.

Деветнаесетгодишниот Танасковски е осомничен за обид за убиство на висок член на Шкаљарскиот клан – Марко Љ., жител на Будва, настан кој се случи на 7 август 2025 година, во хотелскиот комплекс „Маестрал“ во Будва.


Полициската управа соопшти дека службеници од Регионалниот безбедносен центар „Запад“ со помош на Секторот за спречување на криминалот спроведоа целна, прецизна и координирана акција:

„Во акцијата беше пронајден и, според меѓународна потерница издадена од НЦБ Интерпол Подгорица, лишен од слобода е А.Т. (19), државјанин на Северна Македонија, член на организирана криминална група, осомничен за обид за убиство на член на спротивставена криминална група. Исто така, службеници од Одделот за безбедност Будва, по наредба на државниот обвинител при Основното државно обвинителство во Никшиќ, го лишија од слобода Н.М. (34) од Никшиќ, поради сомнение дека сторил кривично дело помагање на сторителот по извршувањето на кривичното дело, на начин што, како што се сомнева, со давање помош и создавање услови што му овозможиле на А.Т. да избегне откривање и лишување од слобода“, соопшти полицијата.