Ливерпул го победи Сандерленд на првиот натпревар на својата американска турнеја, но менаџерот Андони Ираола по средбата најмногу зборувал за негативниот аспект на оваа средба во Нешвил.
Џо Гомез побарал замена уште на почетокот на средбата и многу веројатно е дека ќе мора да направи одредена принудна пауза, што е сериозен удар за „црвените“, кои и онака се дефицитарни во одбраната.
Засилувањето од Рен, Жереми Жаке, допрва треба да се воигрува со новите соиграчи, а Ираола не сака да ризикува со него бидејќи претходно направи долга пауза поради повреда на рамото.
– Само што почнавме добивма лоша вест, а тоа е повредата на Џо.
– Бевме среќни затоа што не се случи ваков проблем за време на тренинзите, но затоа првата повреда дојде уште на почетокот на оваа средба.
– Со Жереми се договоривме да не форсираме, тој тренира добро, веројатно ќе добие минутажа на последните натпревари овде во САД. Како и да е, незгодно е што загубивме важен фудбалер, – рекол новиот менаџер на Ливерпул.
Додека Леони се уште не е целосно рехабилитиран од повредата, Конате замина во Реал Мадрид, а Ван Дајк допрва ќе ги започне тренинзите и нема да биде дел од оваа турнеја.
Инаку, головите за Ливерпул во победата од 4:2 ги постигнаа Морисон, Собослаи, Киеза и Кумас.







