[ВИДЕО] Касемиро дебитираше, соиграч од Интер Мајами колабираше и заврши во болница

Дерби

26/07/2026

10:00

273

Големина на фонт

а а а

Интер Мајами успеа да го победи Монтреал со гол од пенал, а минималниот триумф во МЛС беше одбележан и со дебито на Касемиро, но и една застрашувачка ситуација за сите на теренот и трибините.

Гостите кои се ослабени поради отсуството на Меси и уште неколку други фудбалери, сметаа на Касемиро како стартер, нешто што беше неизвесно бидејќи Бразилецот во последен момент ја добил потребната виза, а со тоа и право на настап на овој натпревар.

Неговото деби во МЛС ќе биде запаметено и по проблемот кој му се случи на неговиот нов колега, Герман Бертерам, кој по еден воздушен дуел заврши на требата и остана без свест.

Лекарите реагираа експресно, фудбалерот на Интер Мајами е префрлен во болница, а последните информации говорат дека тој бил свесен уште во амбулантното возило и е во добра состојба.

Победникот пак го реши Луис Суарез, кој реализираше пенал во 81. минута од средбата