[ФОТО] Салма Хајек ѝ е маќеа, а татко ѝ е познат моден милијардер: Матилда пораснала во вистинска убавица, а ова ѝ е најголемата страст

Точка

20/07/2026

22:00

1.506

Големина на фонт

а а а

Постојат презимиња кои во светот на модата зборуваат сами за себе, а презимето Пино дефинитивно е едно од нив. Франсоа-Анри Пино е на чело на модната империја „Керинг“, под чија капа се наоѓаат гиганти како Гучи, Баленсијага, Ботега Венета, Ив Сен Лоран, Александар Меквин и уште десетина брендови кои ги диктираат светските модни трендови.

Неговото богатство, според угледните магазини „Форбс“ и „Блумберг“, се проценува на неверојатни 36 милијарди долари, а Матилда Пино е неговата најстара ќерка, наследничка на империјата и воедно една од најмистериозните млади жени во Европа.

Матилда е родена во 2001 година во Париз, а Пино ја добил со тогашната сопруга, дизајнерката на ентериери Дороти Лепер. Нејзините родители се развеле во 2004 година, кога таа имала само три години.


Кога нејзиниот татко во 2009 година се оженил со холивудската ѕвезда, Матилда добила маќеа која, според нејзиното сопствено признание, едноставно ја обожава. Во едно од своите ретки интервјуа, за Салма Хајек имала само пофални зборови, истакнувајќи дека во неа постои некаква внатрешна сила која неверојатно ја смирува.

Оваа млада наследничка израснала помеѓу Париз и Лондон, каде што се школувала и извесен период живеела. Таа има постар брат Франсоа од првиот брак на нејзиниот татко, полусестра Валентина, која е ќерка на нејзиниот татко и Салма Хајек, како и полубрат Огистен, син што нејзиниот татко го добил со познатата манекенка Линда Еванџелиста.


Ја краси убавина и беспрекорен моден стил

Кога станува збор за изгледот, Матилда од татко ѝ ги наследила висината и совршеното држење, но и посебната аристократска нота која тешко се опишува, а лесно се забележува на секоја нејзина фотографија. Долгата коса, изразените црти на лицето и минималната шминка прават секогаш да зрачи со природна свежина. Таа припаѓа на групата девојки кои секогаш изгледаат елегантно и софистицирано, без потреба од претерано дотерување. Токму затоа нејзината природна убавина секогаш е во прв план.

Уште од 2013 година почнала да се појавува на престижни настани заедно со својот татко и маќеата. На почетокот тоа било ретко и со доза на срамежливост, но со текот на времето станувала сè посигурна во јавноста. Денес Матилда е редовна гостинка на модните ревии и тоа не како случаен набљудувач, туку како рамноправен член на најтесниот круг на светската модна сцена.


На ревијата на модниот бренд Гучи во Милано во 2023 година се појавила во црн асиметричен фустан и високи чизми со врвки, оставајќи впечаток на девојка која преферира едноставен, но впечатлив стил.

За ревијата на модната куќа Ив Сен Лоран избрала кафеав фустан со балон-здолниште и балетанки, создавајќи сосема поинакво расположение, но со исто толку силен моден впечаток. Во нејзиниот гардеробер дефинитивно нема место за нападно истакнување на логотипи на секое парче облека, бидејќи се облекува со самодоверба на жена која едноставно знае како да изгледа одлично.


Коњите ѝ се поважни од модните писти

Иако буквално е дел од модната индустрија уште од раѓање, нејзината најголема животна страст всушност нема никаква врска со тој свет. Матилда јава коњи уште од својата четврта година. Почнала со шетландски понија, на шестгодишна возраст веќе сама се грижела за коњите, а набргу потоа следувале и сериозни натпреварувања. До својата рана младост успеала да освои неколку големи европски турнири и јасно ставила до знаење дека сака да стане одгледувачка на коњи.


Во интервју за познатиот магазин „Парис меч“ во 2022 година, за првпат искрено зборувала за својот однос со татко ѝ. Тогаш признала дека нејзиниот татко е многу сложена личност и дека неговиот начин на живот е исцрпувачки, но додала дека во ретките слободни моменти знае да биде исклучително забавен и дека неговата смисла за хумор секогаш ја опушта. За себе, од друга страна, речиси и да не открила ништо.


И покрај тоа што има пристап до првите редови на сите престижни настани и до најпознатите светски модни брендови, Матилда на социјалните мрежи има нешто повеќе од сто илјади следбеници. За ќерка на човек кој управува со половина од светската индустрија на луксуз, тоа може да се нарече речиси целосна изолација од јавноста.