Љупка Митрова објави фотографии кои никого не оставаат рамнодушен - позира целосно гола со чаша вино

Точка

20/07/2026

17:29

1.936

Големина на фонт

а а а

Македонската модна дизајнерка, модна инфлуенсерка и сопственичка на модното студио „Mitroff“, Љупка Митрова, им даде мал увид на своите следбеници во тоа како ги поминува летните денови.

Иако не откри каде летува, таа на Инстаграм објави серија фотографии што откриваат дека престојува во луксузен апартман покрај море.

Меѓу објавените фотографии има кадри од пространиот апартман со поглед кон морето, гастрономски специјалитети, но сепак најголемо внимание привлекоа фотографиите на кои Митрова позира гола, но на суптилен и естетски начин.


На една од фотографиите таа позира целосно гола, со чаша вино потпрена на нејзиниот колк, додека на главата носи впечатлив шешир украсен со цреши. На друга позира легната на стомак, при што во преден план е нејзината тетоважа со црвена роза, сместена на левата страна од нејзиното торзо.


Во описот на објавата таа напиша само „Јули“, без да открие на која дестинација го поминува летниот одмор, оставајќи ги следбениците да погодуваат каде се создадени провокативните фотографии.