Вкупно девет пожари регистрирани до 18 часот во државата, активен е пожарот во Штип

Макфакс

24/06/2026

19:00

177

Големина на фонт

а а а

Во државата до 18 часот се регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор, од кои еден е активен во Штип, додека останатите се ставени под контрола или веќе изгаснати.

На територијата на државата до 18:00 часот се регистрирани вкупно 9 пожари на отворен простор, соопшти ЦУК.

Од нив, 1 пожар е активен, 1 пожар е ставен под контрола, а 7 пожари се изгаснати.

Активен пожар:

• Општина Штип – град Штип (депонија).

Пожар под контрола:

• Општините Свети Николе и Лозово – с. Делисинци и с. Сарамзалино (ниска вегетација).

Изгаснати пожари:

• Општина Куманово – ул. „Ѓуро Пуцар“ бр. 38 (ниска вегетација);
• Општина Чашка – с. Чашка (ниска вегетација);
• Општина Демир Хисар – с. Обедник (ниска вегетација);
• Општина Гази Баба – с. Јурумлери (сува трева, грмушки и кабаст отпад);
• Општина Липково – с. Липково (сува трева);
• Општина Липково – с. Матејче (сува трева);
• Општина Куманово – населба Перо Чичо (бандери и дрвја).