Македонското чудо од дете повторно блесна во полн сјај: Македон во топ 3 ученици од цел свет кој постигнал ваков резултат на 11 години

Точка

24/06/2026

19:47

484

Големина на фонт

а а а

Македонија повторно има причина за гордост. Единаесетгодишниот Македон Димитровски, кој веќе важи за едно од најталентираните деца во земјава, постигна извонреден успех на престижниот американски SAT тест, освојувајќи дури 1440 поени.

Станува збор за испит што вообичаено го полагаат средношколци како дел од процесот за прием на некои од најреномираните универзитети во светот. Младиот генијалец од Македонија освоил 740 поени по математика и 950 поени по англиски јазик – резултат што го позиционира меѓу најдобрите тројца единаесетгодишници на глобално ниво.

Убавата вест ја сподели неговиот татко, Владимир Димитровски, кој со гордост го објави најновиот успех на својот син.

„Со голема гордост споделуваме дека Македон постигна извонреден резултат на SAT тестот што е приемен испит за на сите престижни универзитети

На свои 11 години доби 1440 поени што е 95% подобро од сите тестирани ученици на 18 години , со што уште еднаш го потврди својот исклучителен потенцијал,а е во топ 3 вкупно ученици од целиот свет што добил ваков резултат на 11 години а ова го достигна со посветеност и љубов кон знаењето.

Овој успех е резултат на континуирана работа, дисциплина и силна поддршка во процесот на подготовка.

Посебна и искрена благодарност упатуваме до менторот Горан Милошовски, чија стручност, посветеност и насоки имаа клучна улога во постигнувањето на овој резултат. Секако и тимот на интернационалното училиште Нова Скопје.

Со овој успех се отвораат вратите кон најпрестижните универзитети во светот и се поставува цврста основа за понатамошен академски развој.

Ова е само почеток на уште поголеми достигнувања што допрва следат.“


Инаку, Македон Димитровски веќе подолго време ја фасцинира јавноста со своите извонредни интелектуални способности. Уште од најрана возраст привлекува внимание со неверојатната способност за брзо учење странски јазици, решавање сложени математички задачи и импресивни познавања од географија, астрономија и историја.

Зад себе веќе има освоено бројни златни медали и високи признанија на меѓународни натпревари по математика, каде редовно се натпреварува со значително повозрасни учесници од целиот свет.

Неговиот најнов резултат на SAT тестот е уште една потврда за огромниот потенцијал што го поседува и јасен показател дека пред него стои блескава иднина, која многумина веќе ја поврзуваат со најпрестижните светски универзитети како „Harvard University“, „Yale University“, „Massachusetts Institute of Technology“ или „Stanford University“.

Младиот Македон уште еднаш покажа дека талентот, знаењето и љубопитноста не познаваат возраст.