[ВИДЕО] Хаос на Тајмс Сквер: во тепачка, човек пресечен кај вратот, приведен тинејџер за пукање

Макфакс

19/06/2026

10:21

1.006

Големина на фонт

а а а

Во центарот на Њујорк на Тајмс Сквер избувна тепачка проследена со пукање, при што 26-годишен маж е повреден со посекотина кај вратот, а 17-годишен тинејџер е уапсен. Полицијата продолжува со истрага и потрага по други лица поврзани со инцидентот.

Пукање на Тајмс Сквер во четврток попладне по локално време предизвика паника и ги натера стотици туристи и жители на Њујорк да избегаат. Полициската управа на Њујорк (NYPD) соопшти дека по инцидентот е уапсен 17-годишен тинејџер, објави CBS News.

Тепачка проследена со пукање

Според полицискиот извештај, сè започнало околу 15:30 часот на Бродвеј со голема група луѓе кои се тепале. За време на тепачката, на 26-годишен маж бил исечен кај вратот. Кратко потоа, 17-годишен осомничен отворил оган врз истата група луѓе. Тој е приведен, но сè уште не се поднесени обвиненија против него.

Второ пукање се случило кратко потоа во близина. Никој не е повреден во ниту едно од пукањата. Човекот со посекотина е однесен во болница, е во стабилна состојба и се очекува целосно да се опорави.

Полициска истрага на местото на настанот

Десетици полицајци пристигнале на местото на настанот. Истражителите прегледувале сино „хјундаи“ откако сопственикот на автомобилот пријавил дека нешто го погодило неговото возило за време на хаосот. Полицијата потврди дека на местото на настанот е пронајдено и оружје. Во тек е потрага по неколку други лица поврзани со инцидентот.