Општина Карпош ги награди првенците на генерација

Макфакс

15/06/2026

11:10

185

Големина на фонт

а а а

Општина Карпош ги награди најуспешните ученици - првенците на генерацијата 2025/2026 година, со парична награда и летување во Грција како поттик за нивниот образовен успех.

Заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, денеска ги прими најуспешните ученици – првенците на генерацијата 2025/2026 година, од десетте општински основни училишта.

Во знак на признание за нивниот исклучителен успех, посветеност и вложен труд, Општина Карпош им додели парична награда во висина од 10.000 денари, како поттик за нивен понатамошен образовен развој.

Како дополнително признание за постигнатите резултати, првенците добија и седумдневно летување во кампот „Каливас“ во Грција.

Средствата за наградите на првенците на генерација се обезбедени од Програмата на Одделението за образование на Општина Карпош.

Првенци на генерацијата 2025/2026 година се:

1. Нина Каламадевска од ООУ „Братство“,

2. Софија Ѓоргон од ООУ „Димо Хаџи Димов“,

3. Михаил Јачовски од ООУ „Јан Амос Коменски“,

4. Јане Јанев од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“,

5. Ива Бухова од ООУ „Петар Поп Арсов“,

6. Николина Костовска од ООУ „Аврам Писевски“,

7. Надја Бежоска од ООУ „Војдан Чернодрински“,

8. Дариа Алексовска од ООУ „Лазо Трповски“,

9. Анастасија Цветаноска од ООУ „Владо Тасевски“ и

10. Александра Димитрова од ООУ „Вера Циривири Трена“.

Општина Карпош упатува честитки до учениците, нивните родители и наставници за вложениот труд и резултатите и им посакува уште поголем успех во понатамошното образование.