Продолжува негативниот тренд во Македонија кога станува збор за наталитетот во државата. Официјалните податоци кои ги објави Државниот завод за статистика велат дека во текот на ланската година во земјава се родени 15 932 деца вкупно, од кои живородени се 15 850, а 82 се мртвородени.
Официјалните податоци покажуваат дека бројот на живородените деца во 2025 година е намален за 1.3 % во споредба со минатата година. Во извештајот може да се забележи дека, во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51.7 %, односно на 100 живородени женски деца 106.9 се машки.

Според месецот на раѓање, најголем број живородени деца се регистрирани во месец јули и тоа 1 531. Според возраста пак на мајката, најголемо учество, односно 31.7 % се живородени деца од мајки на возраст 25 – 29 години.
„Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29.8 години, а на прворотките 28.2 години. Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1995 година.
Остатокот од текстот прочитајте го на следниот ЛИНК.







