Чаби Алонсо брзо си најде атрактивна работа и ќе има прва тренерска авантура во Премиер лигата, откако во месец мај успеа да се договори со Челси.
Кратката авантура во Реал Мадрид дефинитивно е прва негативна епизода во неговата почетна фаза од кариерата, а како човек кој заврши фантастична работа во Баер Леверкузен, сега ќе има добри предуслови за докажување и во Челси.
Шпанецот нема да има лесна задача по турбулентната сезона на „Стемфорд Бриџ“, па во такви услови, ќе мора да носи и тешки одлуки околу одредени поединци.
Во Челси постојат незадоволни ѕвезди кои најверојатно ќе инсистираат да направат трансфер ова лето и тука пред сè се мисли на Енцо Фернандез и Марк Кукурелја, па иако од клубот се подготвени да слушаат понуди речиси за сите, угледниот „Атлетик“ открива дека Чаби Алонсо сепак посочил седум играчи како недопирливи.
Алонсо избрал седум фудбалери кои ќе го сочинуваат костурот на неговиот тим, па побара од клубот да не слуша никакви понуди за Рис Џејмс, Кол Палмер, Моизес Каиседо, Леви Колвил, Естевао, Жоао Медро и Ачеампонг.






