Актерот Драган Спасов – Дац со емотивна и поучна приказна: ,,Овој луксуз, за жал веќе го немам. Ќе остане само во моите спомени…“

Точка

03/06/2026

21:02

1.447

Големина на фонт

а а а

Македонскиот актер Драган Спасов - Дац, веќе со години е една од најпознатите личности на нашата јавна сцена. Изминатиот период повеќе е активен на музички план, но несомнено има општествено влијание со своите ставови и дела.

Неретко објавува и на социјалните мрежи, размислувања, секојдневни ситуации и приватни моменти. Овојпат, на фејсбук тој се огласи со еден статус, кој веруваме дека допира до сите нас. Носталгијата која е вткаена во неговите зборови, прави да се запрашаме дали навистина сме среќни со ова брзо темпо на живот, модерни времиња и сè поодалечени од вистинските вредности? И дали, можеби, порано иако живеевме скромно, сепак ја знаевме суштината на нашето постоење?


Неговите зборови ви ги пренесуваме во целост.

„Мамо, те молам, можам ли денес да спијам кај баба?

Слушнав денес како едно дете ја прашува својата мајка, но додека се завртев да го видам детето кое со една реченица ме врати во минатото, веќе се изгуби во толпата.

Кога помина толку брзо сето време?

Ние, возрасните, претрупани сме со здодевни приоритети. Секојдневно се бориме за нешто, а понекогаш ни самите не знаеме што сакаме, а и ако знаеме што сакаме, не знаеме зошто баш тоа го сакаме.

И така од ден за ден.

И тогаш слушаш една ваква реченица и се буди сеќавањето на бабиниот дом, во кој пронаоѓавме сè што ни е потребно – сета среќа, исполнување, мир во срцето и сигурност…


Бабиниот дом е место каде што најобичната чинија супа и домашното лепче со млеко се највкусните јадења на светот. Вкусот на домашен сок од вишна е подобар од најскапиот сок од продавница. Домот на баба е место на кое попладнето може да трае засекогаш, а нам не ни е здодевно. Секогаш има мир во срцето, насмевка на лицето, а главата е полна со фантазија.

Во домот на баба сè е возможно… сè е толку едноставно и мириса на љубов, на липа и на шумски јагоди. Бабиниот дом е место каде што пронаоѓаме остатоци од детството и животот на нашите родители.

Овој луксуз, да ја посетам баба, за жал веќе го немам… Ќе остане само во моите спомени…

Но, кога би можел да сонувам сон и да вратам еден момент од животот, мислам дека воопшто не би се двоумел, туку би замолил: Може ли денеска да спијам кај баба?

(Непознат автор)“, сподели Дац и доби голема поддршка од неговите следбеници.