[ФОТО] По +10 килограми во менопауза, Маја Гроздановска Панчева блеска како некогаш: Пејачката позираше во бикини и доби многу комплименти

Точка

03/06/2026

21:53

2.762

Големина на фонт

а а а

Пејачката Маја Гроздановска Панчева уште еднаш покажа дека годините за неа се само бројка. Само неколку дена по прославата на својот 53. роденден, таа ја отвори летната сезона со капење во море, а фотографиите што ги сподели на социјалните мрежи веднаш привлекоа внимание.

На својот Инстаграм профил, Маја објави две фотографии на кои во црни бикини излегува од морето. Пејачката изгледа одлично, а многумина се согласија дека и денес плени со истата харизма и природна убавина по која беше препознатлива уште на почетокот на својата кариера.

Со својот изглед, Маја уште еднаш потврди дека и во шестата деценија од животот е во врвна форма. Иако често добива комплименти за својот изглед, таа неодамна откри дека добрата физичка кондиција не е случајност, туку резултат на посветеност, редовна физичка активност и внимателно избалансирана исхрана.


Во гостувањето во подкастот „Урок“ кај Сергеј Варошлија, Маја искрено зборуваше за промените низ кои поминала во периодот на менопауза. Таа откри дека тогаш се соочила со зголемување на телесната тежина и качила околу десет килограми, што влијаело и на нејзината самодоверба.

„Да ти кажам, имав интересен и чуден период, каде што бев 10 кила плус од ова, и цело време носев широки блузи на V израз и широки панталони. Соработував со повеќе нутриционисти, да видам да не е нешто до храната, а почнав и да вежбам активно. Резултатот се виде точно за една година. И затоа можам да кажам за жените што влегуваат во тој период, па и за помладите, дека нема нешто поубаво од физичка активност“, изјавила тогаш Маја.


Денес, судејќи според фотографиите кои ги објавува, Маја повторно блеска со полн сјај. Нејзините најнови летни фотографии собраа бројни позитивни реакции од следбениците, кои не штедеа комплименти за нејзиниот изглед и енергија.


Со новите фотографии од морето, Маја Гроздановска Панчева испрати јасна порака дека грижата за себе, активниот животен стил и позитивниот дух се најдобриот рецепт за добра форма и самодоверба, без разлика на годините.