Австрија нуди 20.000 евра за информации за балкански криминалец, се смета за опасен и вооружен

Макфакс

30/05/2026

14:41

2.336

Големина на фонт

а а а

Австриската разузнавачка служба нуди награда од 20.000 евра за информации што ќе помогнат во апсењето на Рaдоје Звицер, еден од водачите на „кланот Кавач“, кој е осомничен за сериозни кривични дела, вклучително и трговија со дрога и убиства.

Австриската криминалистичка разузнавачка служба нуди награда од 20.000 евра за информации што би помогнале во лоцирање и апсење на Рaдоје Звицер, за кого се смета дека е еден од водачите на „кланот Кавач“, објави Европол.

Според соопштението, наградата ќе биде распределена доколку има повеќе дојави, во зависност од релевантноста на доставените информации. Европол прецизира дека од правото на награда се исклучени лица кои се должни да соработуваат во рамки на својата службена или правна должност, како и лица кои се осомничени за соучество во делата поврзани со Звицер.


Се товари за трговија со кокаин и други тешки кривични дела

За Звицер се трага поради сомнежи за шверц на 83 килограми кокаин, а во Црна Гора против него се водат повеќе постапки за сериозни кривични дела, меѓу кои и убиства и трговија со дрога.


Опис и лажни идентитети

Од Европол наведуваат дека Звицер е физички крупен, атлетски граден, со сини очи и кафеава коса, како и со лузни од прострелни рани на горниот дел од телото, претежно на левата страна.

Се додава и дека користи лажни документи на имиња како Јосип Бабиќ, Драган Гојковиќ, Дејвид Грепо и Ференц Кароли.