[ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО] 19-годишен мотоциклист загина во тешка сообраќајна несреќа, возачот на аудито лишен од слобода

Макфакс

30/05/2026

14:30

988

Големина на фонт

а а а

Во Скопје се случи тешка сообраќајна несреќа во која загина 19-годишен мотоциклист. Во несреќата учествуваа автомобил и два мотоцикли, а возачот на автомобилот веднаш беше лишен од слобода.

19-годишен мотоциклист го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа на една од прометните крстосници во Скопје. Во несреќата учествувале еден автомобил и два мотоцикли, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според полицискиот билтен, несреќата била пријавена во СВР Скопје во 22:21 часот. На крстосницата помеѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“, се судриле патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Х. (31) од селото Визбегово, мотоцикл „бмв“ управуван од М.Ф. (19) од Скопје и втор мотоцикл „хонда хдв“, што го управувал Н.Б. (21) од Скопје.

Во силниот судар, со тешки телесни повреди се здобил 19-годишниот возач на мотоциклот „бмв“, М.Ф. Тој итно бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им подлегнал на сериозните повреди и починал.

По наредба на дежурен јавен обвинител, полицијата веднаш го лишила од слобода возачот на „аудито“, Н.Х.

На местото на трагедијата бил извршен детален увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.