[ФОТО/ВИДЕО] Француски актер направил шоу во Кан: Ја носел на раце познатата манекенка

Точка

16/05/2026

17:19

689

Големина на фонт

а а а

Францускиот актер Венсан Макен привлекол внимание на премиерата на филмот „Karma“ во рамки на Канскиот филмски фестивал, откако ја носел на раце француската манекенка Летиција Каста на црвениот килим.

Имено, Макен ја кренал 48-годишната Каста додека заедно позирале пред фотографите. Актерот бил елегантно облечен во црн костум, додека Каста блеснала во долг црн фустан без прерамки и со дијамантски накит.



Парот за време на појавувањето на црвениот килим бил видно расположен, се смееле и се шегувале пред фотографите.


Исто така, внимание на црвениот килим привлекол и американскиот актер Џон Траволта, кој се појавил со ќерката Ела Блу. Траволта (72) носел беж беретка и брада, што предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.



Дел од корисниците го критикуваа неговиот изглед, додека други го пофалија неговиот нов имиџ и истакнаа дека и понатаму зрачи со харизма.

Во текот на вечерта, Траволта заплакал кога му била врачена почесната „Златна палма“ пред светската премиера на неговото режисерско деби „Propeller One-Way Night Coach“, во кое глуми и неговата ќерка.


По тој повод изјавил: „Ова е над Оскар. Целосно изненадување. Не можам да поверувам. Ова е последното нешто што го очекував“.