[ФОТО] Едната има 14, другата 11 години и речиси никогаш не ги гледаме во јавноста: Како изгледаат посвоените ќерки на Шарлиз Терон?

Точка

13/05/2026

18:21

442

Големина на фонт

а а а

Една од најпознатите холивудски актерки, Шарлиз Терон, својот приватен живот го држи далеку од очите на јавноста. Личните моменти ги чува за себе, па нејзиниот најнов потег прилично ги изненади сите.

Актерката го поминала Денот на мајките во кругот на семејството, па одлучила да направи исклучок и да сподели ретки фотографии со своите ќерки, 14-годишната Џексон и 11-годишната Огаст. Покрај фотографиите напишала и емотивна порака.


Фотографиите ги објавила на Инстаграм, а на нив се Шарлиз, Огаст и Џексон низ годините. На првата фотографија Терон лежи на брод додека нејзините ќерки спијат потпрени на нејзините гради. На втората фотографија трите позираат насмеани за селфи, додека зад нив се гледа сонцето.


Терон објави и фотографии со пријателите и ќерките, покажувајќи како девојчињата растеле низ годините. Објавата ја заврши со преслатко селфи на кое таа и една од ќерките прават гримаси пред камерата.

„Најголемата чест во мојот живот!. Среќен Ден на мајките на сите мајки, баби и куми“, напишала Терон под објавата.


Слаткиот однос на Терон со ќерките

Иако Терон ги одгледува своите ќерки далеку од очите на јавноста, често споделува симпатични детали за нив и за нивниот однос. Неодамна открила дека нејзината ќерка Огаст обожава качување по карпи, спорт со кој и самата се занимавала додека се подготвувала за новиот филм „Апекс“.

Во интервју за „E! News“, Терон раскажала дека ја тренирала професионалната алпинистка Бет Роден.


„Таа е вистински мал авантурист“, изјавила Терон за „E! News“. „Бет и јас трениравме на едната страна, а секогаш кога ќе се изморив, само ќе погледнев кон нив двете и тие веќе беа при врвот на карпата“, раскажала актерката.

Исто така Терон рекла дека Огаст ѝ помогнала поинаку да ги гледа тренинзите.

„Понекогаш ние возрасните премногу се фокусираме на техниката. А потоа ќе ги погледнете децата, кои не знаат ништо за тоа и ним им е важно само да стигнат до врвот“, изјавила Шарлиз.


Терон ја посвоила Џексон во 2012 година, а Огаст во 2015 година. Во интервјуата повеќепати зборувала колку ѝ било важно посвојувањето и како од самиот почеток сакала да биде самохрана мајка.

„Дури и кога бев во врски, секогаш отворено им кажував на партнерите дека моето семејство еден ден ќе изгледа вака — преку посвојување“, рекла Терон во интервју за „Пипл“.


„За мене тоа никогаш не беше втора опција. Отсекогаш беше мојот прв избор“, заклучила актерката.